Ве информираме дека од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево -Охрид.
По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница.
Констаирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатотот. Градбата на автопатот Охрид- Кочево беше во целосен застој во време на СДСМ и ДУИ , цели 7 години не се работеше ништо. Со доаѓањето на ВМРО ДПМНЕ на власт почна да се работи со полна динамика и се очекува до крајот на 2026 целиот автопат Охрид- Кичево да се пушти во функција.
Делницата Подмоље – Охрид беше затворена за сообраќај според одобрен времен режим се со цел да се комплетира нејзината изградба. Во меѓувреме сообраќајот се одвиваше со стариот регионален пат.






