Таксист ја удрил со возило патничката затоа што не сакала да плати 700 денари за возење на релација Чаир – Центар. Дваесет и двегодишна скопјанка вчера доживеала непријатна ситуација откако одбила за превозот од центарот на градот до Чаир да плати 700 денари.
Од полицијата денеска информираа дека околу 05:15 часот, 22 годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако ситгнале во Чаир каде требало да се симне, возачот од неа побарал да плати 700 денари, по што таа одбила со образложение дека тоа се премногу пари.

Кога таа почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото по што девојката паднала, а тој се вратил наназад и ја удрил. Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.





