Точно една третина од вкупно 327 Бугари од Македонија што гласаа на вчерашните парламентарни избори во Бугарија или 109 се определија за ГЕРБ-СДС предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов на гласачките места во Амбасадата во Скопје, во Генералниот конзулат во Битола, како и во Охрид, Прилеп и Струмица.
Далеку зад неа се Продолжуваме со промената на експремиерот Кирил Петков со 53 гласа, Преродба со 48 и Има таков народ со 24.
За Бугарската социјалистичка партија (БСП) гласале 8 македонски Бугари, еден помалку за ДПС-Нов почеток, 5 за Алијанса за права и слободи и 3 за МЕЧ, покажуваат податоците на Централната изборна комисија.
Овие избори беа со најмала излезеност во последните три години, споредено со јуни годинава, кога гласаа 340 бугарски граѓани од Македонија, во април 2023 година беа 453, а 461 во октомври 2022.






