Пародија: Грција го тргна знамето од НАТО во знак на протест поради непочитување на Преспанскиот договор

„Без знаме на НАТО во Владата на Грција!
Фотографиите кои пристигаат од Владата на Грција покажуваат дека го нема знамето на НАТО. Дали е тоа тргнато во знак на протест поради непочитување на Преспанскиот договор од страна на Скопје“ (Пародија)” пишува аналитичарот Сашо Клековски објавувајќи слика од седница со која претседава грчкиот премиер Мицотакис.




Клековски се пошегува, вака според него би гласела пародијата на написите на про-СДСМ медиуми и поддржувачи, за отсуството на знамињата на НАТО и ЕУ на фотографии од Кабинетот на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, според про-СДСМ медиуми тоа е сигурен знак на назадување на Македонија, а според Кабинетот промена на распоред.


“Две забелешки. Употребата на знамињата на ЕУ и НАТО многу веројатно не е уредена со закон (поканувам коментари од стручњаци), и од фотографиите на претходниот претседател веројатно не е во согласност со законите. Многу типично за неспособноста на СДСМ, знамето на НАТО и ЕУ да се употребуваат исклучиво за создавање на перцепција на нивното европејство, а во реалноста криминал и корупција.
Втората, би ме радувало барем четвртина про-СДСМ медиуми и поддржувачи што се вознемирени од отсуството на НАТО и ЕУ знаме на фотографиите, да бидат вознемирени од отсуството на македоноското знаме во кабинети и на улиците во Македонија” порача Клековски.