„Пари“: ЈСП во финансиска дупка од 7,5 милиони евра за пет години

Според податоците од Бизнис Мрежа, ЈСП минатата година ја завршило во плус. Остварената нето-добивка била 462.000 евра. Но, 5 години наназад, во 2022 и во 2021 година остварени биле значајни загуби, додека во 2020 година имала добивка. Така, кумулативната загуба на компанијата во овој 5-годишен период била околу 9,8 милиони евра, наспроти кумулативната загуба од околу 2,3 милиони евра, што значи финансиската дупка што за половина деценија ја направило јавното претпријатие е околу 7,5 милиони евра, пишува порталот Пари.мк



За првите три месеци од 2024 година ЈСП направило приход од 9 милиони евра, а расходите биле 8,8 милиони евра, со што за овие три месеци јавното претпријатие остварило позитивен резултат од околу 200.000 евра. Податоците покажуват дека годинава ЈСП има и поголеми приходи (за 8,5%) и поголеми расходи (за 24%) во однос на ланското прво тримесечје, со што и добивката му е помала за 82,2% во однос на истиот период во 2023 година кога е остварен плус од 1,2 милиони евра, но кој до крајот на годината се стопил во нето-добивка од 422.000 евра.

Извор: https://pari.com.mk/jsp-za-5-godini-padnalo-vo-finansiska-dupka/