Друштвото за производство, трговија и услуги РИКИ-ЈУНИОР ДООЕЛ увоз-извоз Кочани, минатата година склучила дури 548 договори за јавни набавки, или речиси секој ден по две, а ако се земат предвид неработните денови во текот на една година, сигурно е дека два договора дневно ѝ била непишаната норма.



Компанија, пишува порталот Пари, можеби не ѝ е позната на широката јавност е главниот добавувач на средства за хигиена на многу институции, општини, училишта, факултети, како и на здравствени установи.

Порталот Пари, дознава дека тоа не значи дека оваа компанија добила и најмногу пари.

Во првата десетка по број на тендери се компании коишто го овозможуваат базичното функционирање на државата. Па така, најбројни се веледрогериите, од кои, секако, често имаат потреба здравствените установи, а чести „тендераши“ се и снабдувачите со нафтени деривати, како и една телекомуникациска и една осигурителна компанија.