За грчката влада, која има одговорност да преговара и да се согласи за решавање на долгогодишниот спор со името, најголем проблем ќе биде како ќе се постави помалиот владин партнер, националистичката партија „Независни Грци“, чиј лидер е актуелниот министер за одбрана.
Ставот на на партијата и на лидерот, Панос Каменос, е дека единствено прифатливо решение за името на пЈРМ е онаа на Советот на политичките лидери од 1992 година, за време на претседателот Константинос Караманлис, кој ја отфрли можноста за употреба на име „Македонија“, пишува „Катимерини“.
Премиерот Алексис Ципрас, вели дека„ќе ја затвориме таа работа“, сугерирајќи дека има значителен напредок во преговорите, но дека приговорите на малите државни партнери се тешка пречка за надминување.
Во исто време, друг владин претставник со искуство во прашањата на надворешната политика побрза да нагласи дека, бидејќи сегашните преговори напредуваат, е потребно обраќање до Советот на партиските лидери „бидејќи ова е особено важно национално прашање што ја надминува ограничената одговорност на владата“.
Истиот сепак, признава дека „во секој случај ќе биде многу тешко да се убеди владиниот партнер да го поддржи секое решение“.
Од опозиционата „Нова демократија“, се следат настаните со внимателност за вистинските владини намери со повик за свикување на Советот на политичкие лидери и велат дека „никогаш нема да дозволиме Ципрас да не донесе до ќор-сокак“, со тоа што Ципрас би зборувал за еден предлог за кој Каменос би рекол „не“, оставајќи ја одлуката на останатите.
Како најголема опозициска партија Нова Демократија бара јасно да го знае предлогот за името за да се согласи туку и „целокупниот контекст. Како ќе се обезбеди користење на новото име за секого и од секого (erga omnes) и како ќе се регулираат низа практични прашања, како што се пасошите, трговски брендови итн“ пишува Катимерини“.






