Македонскиот фудбалски ветеран постигна гол за Џенова во продолжението од првото полувреме на гостувањето кај Верона (1-0) кој потоа се покажа единствен на мечот на стадионот Бентегоди. За Горан Пандев ова е прв гол сезонава, а по него и по 15 коло, Џенова побегна од последните три позиции на Калчо табелата.