(Фото): Палчо со цивилни возила пристигна во Истражниот затвор во Шутка

Првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо пристигна во Македонија со комерцијален лет од Истанбул. Палевски вечерва е екстрадиран од Турција со редовен лет од Истанбул на скопскиот аеродром и пред малку со цивилни возила е однесен во затворот во Шутка.



Како што најави 24инфо, вечерва првоосомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски Палчо слета во Скопје откако заврши постапката за екстрадиција од Турција каде Палчо се обиде да избега.

По слетувањето, Палевски е пренесен во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.

За него беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје.

Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје.