Палевски денеска ќе одговара на прашања од обвинителите

Првообвинетиот во свирепите убиства на Вања Ѓорчевска и Панже Жежовски, денеска ќе одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната.



Па претходното рочиште Љупчо Палевски негираше вина и ги оцени доказите против него како манипулативни и нецелосни.

Тој тврдеше дека на денот на убиствата бил зафатен со приватни обврски и партиски состаноци, дека не бил во контакт со другите обвинети ни дека го возел „цитроенот“ што се спомнува во обвинението.

Неговиот адвокат, Јовица Страшевски, смета дека постојат несогласувања меѓу доказите и изјавите на Обвинителството, и денешното судење го нарече „клучно“ за расветлување на случајот.

Во досегашниот тек на судењето сведочеа обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Според обвинението, групата планирала грабнување на 14-годишна Вања за да изнудат откуп од нејзиното семејство, додека Панче Жежовски бил грабнат за да се искористи неговото возило за киднапирање.