Пратениците на опозициската „Самоопределување“ фрлија солзавец во косовскиот парламент во обид да ги спречат другите пратеници да го ратификуваат договорот за демаркација на границата со Црна Гора, што е клучен услов за Косово да добие безвизен режим во Европската унија.
„Самоопределување“ категорично се спротивставува на овој договор, потпишан во 2015 година и тврди дека со тоа Косово се откажува од т 8.000 хектари своја територија во корист на црна Гора.
Претходните обиди за ратификување на договорот доведување до слични протести и речиси редовно фрлање солзавец во парламентот па и улични судири со полицијата.





