Пак се налутија: Приватните автобуси со редуциран распоред

Приватните превозници решија да ги паркираат автобусите. Овој пат револтирани што советот на Град Скопје не ја ставил на дневен ред точката за покачување на цената на минат километар. Тие бараат да се промени цената за секој изминат километар што досега им ја исплаќаше ЈСП „Скопје“ и која изнесува 60 денари. Сега нивното побарување е цената да скокне на 90 денари, иако сметаат дека со цена од 120 денари по изминат километар ќе можат нормално да функционираат.



Според информациите, превозниците синоќа одлучиле од денеска да возат само трета смена односно од 17 часот, се додека советот на свика вонртедна седница на која ќе одлучува за барањето.

Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници.

Приватните превозници бараат да биде свикана вонредна седница на Градот, во спротивно ќе продолжат да возат само во вечерните часови.