Компанијата за превоз на патници, чиј автобус се вреврте во близина на селото Ласкарци при што загинаа 15 луѓе а 30 беа повредени е меѓу фирмите кај кои се констатирани неправилности во работењето.
Во претходните три дена биле извршени 138 контроли од кои се констатирани 21 неправилност кај правните и физичките лица при вршење на превоз на патници и стоки и за сите неправилности се изречени соодветни казни.
За утврдените неправилности ќе бидат информирани и Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство со цел нивно понатамошно постапување, соопштија од миниистерството за траспорт.
Констатирани се неправилности и изречени се казни за правните лица:
- Дурмо турс со седиште во Гостивар
- Дени интернационал со седиште во Илинден
- Свис мак алигега со седиште во Гостивар
- Зем промет – компани со седиште на ул.Босилово, бр.13, Сарај
- Словин Билјана со седиште во Охрид
- Бис со седиште во Охрид
- Пештер ДОО со седиште во Скопје – Чаир,
- Димитриоски со седиште во Скопје – Гази баба
- Хисари-ГД со седиште во Дебар
- Инком бизнис со седиште во Куманово,
- Палас експорт -импорт од Гостивар,
Исто така беа констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.
Воедно, Министерството за транспорт – Државен инспекторат за транспорт преку сите државни инспектори, од Понеделник 24.03.2025 година согласно донесениот Акционен план за инспекциски надзори при превоз на патници и стока, ќе спроведува секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување на нелегален превоз.






