Падна прогонот од обвинител на Заев кој прогонуваше обвинител без докази – кој ќе одговара за направените трошоци и стресови?

Иако сите упатени беа убедени дека нема докази и дека не може да има осудителна пресуда по речиси 30 месеци заврши обидот на екс шеф на државното обвинителство да се пресмета со обвинител критичар на поранешната влада на СДСМ и ДУИ.



Кој ќе ги плати трошоците за постапката за која се претпоставуваше дека нема да заврши со осуда е едно од прашањата поврзани со одговорност во обвинителството кое го водеше Љубомир Јовески.

Со судска пресуда минатата недела падна прогонот од обвинителот поставен од екс премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев Заев кој преку обвинителството го прогонуваше обвинителот Војо Димоски.

Во судската пресуда чиј дел објавува сега ослободениот од обвинението пишува ,,се ослободува од обвинението”.

Предходно Димоски во повеќе наврати предупреди дека е предмет на политички прогон затоа што одбил нарачки да ослободи од обвинение соработник на тајните служби.

,,Во повеќе прилики најдобронамерно им кажував дека правото е филигранска работа и дека нивниот грубијански и аналфабетски пристап ќе им се удри од глава, ама џабе!

Јовески и неговите подредени измеќари согласно стручниот капацитет, ќе мора да ја видат фотографијава повеќепати и да разберат што сум зборувал.

Така е секојпат кога позицијата се користи за лечење комплекси. Така е секојпат кога личната пизма е многукратно поголема од интелектуалниот капацитет.
Мојот пристап е едноставен: да не се премолчува ниедна неправда, па Бог ќе ги изедначи сметките на крај, а ќе те сочува неначнат кога сакаат да те уништат неправедно.

Ведриот дух што го имав за време на прогонот го должам на моето пристаниште: здравото семејство!
Немам трунка лутина кон оние колеги кои заради плашливост или други причини на овој или оној начин ми свртиле глава кога моќниците ме гонеле, но немам ни разбирање за оние кои во својата нестручност спроведуваа прогон врз мене за нешто што не е пропишано како кривично дело во ниеден закон”, пишува екс обвинителот кој
ветува дека секој ќе го добие своето и ветува дека тоа ќе биде согласно законот!

По информацијата на Јавното обвинителство лиферувана летото 2022 година, дека против поранешен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Охрид, е покренато обвинение за несовесно работење заради наводно несооодветно постапување во 14 предмети кои застареле, со реакција на социјалните мрежи се јави екс обвинителот Војо Димоски.

Тогаш тој напиша дека се работи за нарачан и политички мотивиран прогон кон него, посочувајќи дека не се плаши и оти јавноста целосно ќе ја информира за сите аспекти од случајот.

,,Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин. Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене. И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоволство што самата дебата се преместува на терен на јавноста. Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и при тоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот”, напиша тогаш на Фејсбук Војо Димоски.

Пресудата на судот сега целосно го потврдува тоа што го знаеа сите, дека нема предмет и дека се работи за нарачан процес.

Вакви процеси за кои сите знаат дека нема докази а кои се водат со години и создаваат огромни трошоци и стресови за жртвите во Македонија има многу.

Еден од најинтересните е предметот против кардиологот Жан Митрев и неговата клиника во кој обвинителството по речиси три години истрага и судење почнати во времето на Љубомир Јовески нема ниту еден доказ за своето обвинение.

Исто како и во случајот со Димоски и во случајот Жан Митрев кој го води обвинителката Искра Хаџи Василева нема никакви докази за криминал но сепак тој се води и создава дополнителни трошоци и стресови за жртвите.

Според досегашните информации и судски рочишта како и во случајот со Димоски и во случајот со Жан Митрев во позадина на прогонот се политичари кои овде водени од бизнис интереси нарачувале прогон на лекарот со цел преземање на клиниката Жан Митрев.

Срамот за обвинителството е уште поголем ако се знае дека на последните рочишта обвинителката Хаџи Василева читала искази на лица кои не сакаат да се појават лично во судница а дел од нив веќе не бараат никаква оштета од Жан Митрев.

Што ја држи обвинителката Искра Хаџи Василева да не го повлече обвинението кое е веќе пропаднато е прашање на кое ќе мора да одговори јавното обвинителство кога процесот ќе заврши.

Најчитани статии

Ѓубре, продадени, да гори во пеколот и други пораки до потписникот на Северна

Клетви и критики за Никола Димитров по интервјуто во Сител