Павлопулос ја поддржува европската перспектива на Македонија, но…

За промена, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос изрази поддршка за европската перспектива на Македонија, но ги повтори своите добро познати услови за тоа поврзани со името.



„Грција ја поддржува европската перспектива на БЈРМ, но, успехот на таа перспектива не е во согласност со името на земјата, кое ги нарушува не само постулатите на историјата, туку има и иредентистички тенденции, бидејќи европското право и европското законодавство во никој случај не толерираат промена на статус-квото на границите. Затоа, секој став за име што врши иредентизам го крши европското право. Ако соседната земја инсистира да користи такво име, таа си ја поткопува својата европска перспектива. А не ѝ е во интерес да ја поткопа“, рече Павлопулос на денешното прогласување за почесен граѓанин на општината „Емануел Папас“ во Серес.