Охридското Езеро 25 сантиметри под просекот за април

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,32 метри надморска височина.



Водостојот денеска е 25 сантиметри под просекот за април или 22 сантиметри над дозволениот минумум. Неделната анализа покажува мали варијации за сантиметар до два од денешните измерени 693,32 метри.

Температурата на водата денес е 13 степени што е за околу 3 степени над просекот за месецов. Охрид.њуз