Отровни „Милка“ чоколади се пуштени, па повлечени од пазарот

37-грамските чоколатца Милка орео се повлечени од продажба, информираше Агенцијата за храна и ветеринарство. Според АХВ, причина за повлекувањето од продажба на овој производ е што во него биле пронајдени „пластични фрагменти“.



Повлекувањето се однесува за производот под назив чоколаден бар Милка орео 37 грама со сериски број/лот: OSK0934652 и рок на употреба до 18 август 2024, од производителот Монделез Полска Продакшн СП Зоо“, пишува во соопштението на АХВ.

Увозник и дистрибутер на овие чоколади е компанијата ТД Нелт СТ ДООЕЛ.