Откриена е тајната локација каде СДСМ и ДУИ ја држеле кованата железна ограда на владата

По 6 години енигма откриена е тајната локација каде СДСМ и ДУИ ја држеле кованата железна ограда на владата.



Оградата која беше тргната од пред владата по доаѓање на власт на СДСМ и ДУИ во 2017 година со цел да се обезбеди полесен пристап на граѓаните до владата но наскоро таа беше заменета со р’ѓосани полициски бариери и граѓаните немаа пристап.

Долго години никој не знаеше каде е оградата чија локација е откриена по налог на новиот директор на владината Служба за општини заеднички работи Ивица Томовски.

,,Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири.

Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот.

СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период”, пишува првиот човек на СОЗР кој ме кажува дали ќе има одговорност за луѓето кои оградата вредна стотици илјади евра е заменета со полициски бариери.