Откако пукна скандал во јавноста – вратени старите цени на полисите за автоодговорност, но не и парите

Откако пукна скандал во јавноста, вратени старите цени за осигурување од автоодговорност при регистрација на возилата. Во иднина, сите кои ќе ги регистрираат своите автомобили нема да треба да плаќаат за 15 отсто поскапа полиса. Одлуката следува откако Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии препорача, а Владата донесе одлука цените на задолжителното осигурување од автоодговорност да се вратат на нивото од пред 25 април, кога и се покачија за 15,44 проценти.



Агенцијата за супервизија на осигурување се спротивстави на тоа, па падна одлука за враќање на претходната цена на осигурителните полиси. Од Групацијата, засега не ни одговорија дали на граѓаните кои платија повисока цена, ќе им биде вратена разликата.

Одлуката за зголемување на цената за 15 отсто на задолжителната осигурителна полиса се донесе на крајот на април, со образложение од компаниите дека цената повеќе од 10 години е непроменета, а трошоците им пораснале.