Отворени телефонски броеви за донации за настраданите во поплавите во БиХ

Црвениот крст на Република Северна Македонија ги мобилизира своите ресурси и отвори телефонски број за донации, за да им се помогне на настраданите во поплавите кои ја погодија Босна и Херцеговина. Секој граѓанин може да донира 100 денари со еден повик на бројот 143-400, достапен за корисниците на Македонски Телеком и А1. Оваа акција е само дел од напорите за ублажување на страдањата предизвикани од катастрофалните поплави што однесоа човечки животи и предизвикаа огромни материјални штети.



Дополнително, за настраданите во поплавите може да се донира и на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка, со назнака: помош за настрадано население од поплавите во БиХ.

За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност. Црвениот крст на Босна и Херцеговина ги активира сите свои ресурси за помош, но поради големината на катастрофата, дополнителната поддршка е повеќе од неопходна.

Црвениот крст на Северна Македонија веднаш стапи во контакт со своите колеги од Босна и Херцеговина и веќе издвоил 10.000 евра од своите резерви како прва финансиска поддршка за погоденото население. Дополнително, понудена е помош во материјални и технички ресурси, како и човечки кадар за справување со последиците од поплавите.