Осуден за палење на канцеларијата на Иванов е организатор на денешниот протестен марш за Кочани.

Лице осудено за палење на канцеларијата на Иванов го организира денешниот протестен марш, објави Радио Лидер.



Неформалната група „Кој е следен?“ за вечерва во 18:59 има закажано протест на плоштадот во Скопје. Како организатор на настанот во полиција се пријавил 29 годишниот Борјан Ефтимов кој има досие за насилство на слични настани.

Во мај 2016 година, Ефтимов бил осуден на 3 месеци условен затвор за палењето и демолирањето на канцеларијата на тогашниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов.

,,Борјан речиси еден месец е во куќен притвор, а се жалеше дека судијата не сакал да го сослуша уште пред да му биде одреден притвор, бидејќи на тој начин тој веднаш ќе го признел делото и немаше да има простор за одредување на притворот”, стои во тогашната објава на порталот Фактор.мк.

Кратко по промената на власта, Борјан Ефтимов доби своевидна награда за неговото учество во шарената револуција, па откако се укинаа директните избори за студентски лидер на студентите на УКИМ, пишува Лидер според кој Ефтимов со 26 гласа на некои делегати бил избран за претседател на Универзитетското-студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, види линк.