Бујар Османи упати јавни покани до кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во која гледа политички опонент, а целта е – според негови зборови – да ги презентираат нивните понуди и отворено да зборуваат пред граѓаните за тоа кој каква визија има за државата.
„Ја поканив противкандидатката г-ѓа Гордана Силјановска, и пак ја поканувам, ајде да дебатираме!
Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе во дебатата! Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација.
Јас ќе зборувам за соживот на Европскиот фронт, вие ќе зборувате како ви требаат 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето.
Ќе зборувам како секој од нас да има европски пасош во џебот, а таа нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се двете алтернативи кои ни се нудат“, вели Османи.






