Османи со осуда на денешното заседавање на Уставниот суд

Во име на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи го осуди денешното заседание на Уставниот суд велејќи дека апсолутно е недозволиво Судот како највисок орган во државата да одржува седници за сензитивни теми и тоа во моноетнички состав.



Според потпретседателот на ДУИ, Османи, рече дека закажувањето на подготвителни седници е само продолжување на процесот на укинување на Законот за употреба на јазиците.

Османи заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коалицискиот партнер Зијадин Села и други високи партиски функционери денеска дојдоа пред Уставниот суд во пресрет на седницата за Законот за јазиците.

„Пораката на тројцата уставни судии од етничките заедници со нивното неприсуство беше доволен сигнал за седницата веднаш да се прекине. Секогаш ваквите моноетнички состанувања или седници биле најава на лоши периоди во мултиетнички држави“, рече Османи.

Потпретседателот на ДУИ Османи порача дека тие и натаму ќе продолжат со т.н. „стража за јазикот“ и повторно ќе се соберат пред Уставниот суд на денот за кога ќе биде закажана најавената подготвителна седница.

„Ова не е само кауза за албанскиот јазик, ова е кауза за заштита на мултиетничка европска Македонија“,рече Османи, пренесе 360 степени