Османи разликува албански народ и малцинства во Македонија?!

Критикувајќи го „замрзнувањето“ на балансерот, поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во објава на Фејсбук зборува за „албански народ“ и „малцинства“, кои со тоа претрпеле тежок удар со одлуката на Уставниот суд.



„Одлуката за игнорирање на механизмот за балансирање во државните институции е големо кршење на правичната застапеност, клучен принцип на Охридскиот договор, и на амандманот 6 од Уставот. Укинувањето на балансерот е еден од најтешките удари врз правата на албанскиот народ, но и врз малцинствата во земјата, што сериозно ги нарушува меѓуетничките односи.

Ова е критичен момент по кој земјата повеќе нема да биде иста. Сите треба да размислиме за последиците од ваквото одлучување за иднината на нашата држава“, напиша Османи на Фејсбук.

Во Република Македонија мнозински е македонскиот народ, а сите други делови од народи набележани во Преамбулата на Уставот, меѓу кои и Албанците, се немнозински заедници, односно малцинства. Но, Османи во објавата не објаснува зошто го издвојува „албанскиот народ“ од малцинствата, освен ако не смета дека Албанците се побројни од Македонците во државава?!