Министерот и кандидат за шеф на државата предложен од ДУИ, вели дека треба да се  смени Уставот и претседателот да биде избиран во парламентот со две третини од гласовите, а не како досега на непосредни избори.



Во изјава за Топ Ченел Османи оценил дека начинот на избор на претседател во Македонија е погрешен бидејќи во мултиетничките општества, каде што изборите се моноетнички, многу заедници се исклучени, што, според него, носи незадоволство кон претседателот и како последица на тоа криза, бидејќи не е прифатен од дел од населението.

„Ние работиме за заедничка држава, господари сме во сопствената куќа.

Ние не сме малцинство, ние ја водиме државата“, изјавил Османи.

„Ова е пристап кој е погрешно разбран и во Косово и во Албанија. Не ни треба покровителство, ние сме господари во својата куќа.

Пред 20 години бевме исклучени. Во институциите во 2001 година бевме 0,2 Албанци, денес сме околу 25 проценти. Не ја преземаме претседателската функција за да покажеме доминација. Тоа не е забранета област. Претседателот, кој ја има улогата на обединувач, треба да го изберат сите заедно“, рекол Османи.