Османи и ДУИ во жесток напад без аргументи кон професорката Силјановска

Кандидатот за претседател на Мала Речица Бујар Османи и партијата ДУИ каде тој е портпарол тргнаа во жесток напад кон професорката Силјановска.



Во партиски соопштение кое го пишувал Османи без да се даде било каков аргумент ДУИ ја напаѓа кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и фаворитката во претседателската трка Гордана Силјановска Давкова за проруски ставови.

Од соопштението јасно се гледа дека ДУИ во отсуство на било какви други аргументи против Силјановска користи дезинформации.

,,Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се надмине себеси и да прифати еднаквост во општеството и истовремено бараме ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни против Русија, за Европа, како и да се огради, „од поетските про-путинистички ставови на нивната некогаш поразена русконосталгична кандидатка Гордана Давкова“, стои во соопштението на ДУИ каде сметааат дека граѓаните на нашата земја се убедени во прогресивните идеи на Али Ахмети и неговиот придонес за стабилноста на државата и нејзино евроамериканска постројување.

,,Затоа е потребно, сите гласови да се концентрираат за д-р Бујар Османи за да се овозможи измена на Уставот и за изборот на претседател и за уставните амандмани, кои произлегуваат од Договорот за добрососедство со што одлучно ќе се придвижиме кон ЕУ.

Со ова ѝ помагаме на државата, граѓаните, но и на ВМРО и СДСМ затоа што изнајдовме начин за да се постигне се во едно.

Само со вакви концентрирани напори и поддршка за најсилната албанска партија, ќе ја постигнеме целта и да се оттргнеме од Русија и руското влијание што ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето општество кревко и мултиетничко, мулти-религиско и мултикултурно, со домино ефект низ целиот регион“, се вели во реакцијата на ДУИ.

Поврзана вест

Нивната комуникација со Европа е за воени злосторства , мојата за човекови права и демократија

Не може марксисти, енверисти и сталинисти да ме обвинуваат за путинизам – Силјановска за нападот од ДУИ

Со едно непромислено соопштение ДУИ си го уништи наративот на целата изборна кампања