„Само во последните 2 години набркав 17 руски дипломати од Македонија. Ги прогласив како ‘непожелни личности’ – ‘персона нон грата’, затоа што ги фатив како комуницираат директно со луѓе во важни институции.“ – соопшти министерот за надворешни работи и претседателски кандидат од ДУИ Бујар Османи синоќа во емисијата „Политика“.
Покрај ова, ТВ Клан Македонија објави: „Не за Русија, да за Европа!“ – ова ќе биде најважното мото во следните години, бидејќи мораме конечно да го сосечеме руското влијание во оваа мултиетничка држава!“ – нагласи Бујар Османи.





