Османи: Зарем мислите, Блерим и вие од ДУИ, дека Албанците ви ги заборавиле вазалноста кон ВМРО ДПМНЕ на Груевски и скандалите?!

„Зарем мислиш, бре, Блерим Беџети, дека Албанците ја заборавиле вашата вазалност кон ВМРО ДПМНЕ, кога за многу нешта во времето на вашето совладеење со ВМРО ДПМНЕ на Никола Груевски вие не сте реагирале ниеднаш, немате кажано ниеден збор?“ – со оваа реакција Гранит Османи, вршител на должноста директор на Агенцијата за примена на јазиците и член на Коалицијата Вреди им упати порака на организацискиот секретар на ДУИ Блерим Беџети, лидерот Али Ахмети и другите челници на ДУИ, потсетувајќи ги на нивните „подвизи“ и скандали за време на 20-годишното владеење, проследено со убиства на поранешни команданти на УЧК, избор на македонски обвинители, наместени судски случаи и др. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“.

Во својата објава на фејсбук Османи дополни: За жалење е кој нѐ напаѓа! Не сте достојни ниту за опозиција! За вас својот најдобриот одговор го даде албанскиот народ на изборите дека „Коалицијата Вреди е совесно ги штити гордоста и честа на албанскиот народ како дел на владата.“