Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи вели дека поминаа два дена од нападот на Охридскиот договор и меѓуетничката хармонија во земјава.



Османи на својот фејсбук профил пишува дека не го обвинува ВРЕДИ за укинувањето на балансерот, бидејќи ова веќе не е меѓупартиска битка.

„Во моите досегашни реакции никогаш не сум спомнал политички партии, бидејќи не се работи за меѓусебни обвинувања меѓу ДУИ и ВРЕДИ.

Не сакам ни да ја обвинувам ВРЕДИ за одлуката на Уставниот суд, иако ВРЕДИ е одговорна за обидот да ја оправда оваа одлука.

Ова повеќе не е меѓупартиска битка.

Но, тоа е еден од оние моменти кога мора да се обединиме и да кажеме ‘НЕ“ на убиството на Мировниот договор од 2001 година#, пишува Османи.

Османи додава дека ако не ги обединиме сите политичари, неполитички актери, интелектуалци и граѓани – да го отфрлиме овој смртоносен удар врз Охридскиот договор и еднаквоста, тогаш кога ќе го направиме тоа?.Телеграфи