Македонскиот пазар е преплавен од увезениот оризод Индија и Пакистан, предизвикувајќи загриженост меѓу домашните оризопроизводители.



Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево, изрази сериозна загриженост за иднината на кочанскиот ориз.

„Имаше многу увезен ориз оваа година, кој се брендира како кочански. Бараме инспекторатот да излезе на терен и да го провери квалитетот. Ако не е кочански, не треба да се продава под тој бренд, бидејќи тоа ја уништува репутацијата и квалитетот на нашиот ориз“, изјави Максимов за Денар.мк.

Во овој критичен момент, единствената надеж за оризопроизводителите се ветувањата од ресорното министерство за повисока откупна цена, што би можело да ги мотивира да продолжат со обработка на полињата.

Во спротивно, постои реален ризик дека Македонија ќе стане увозно зависна за оваа зрнеста култура, што би можело да има долгорочни последици за домашната аграрна економија.