Наш предлог за неделен ручек е оригиналниот рецепт за подготовка на Селска тава која вреди да се проба.
Состојки:
-500 гр. свежо свинско месо
-300 гр. чадено свинско месо
-300 гр. свежи печурки шампињони
-1/2 кг исецкан кромид
-100 мл. бело вино
-100 мл. вода
-1 лажица мешан сув зеленчук
-по желба црн пипер
-по желба триена сол
-250 гр рендан кашкавал и 3-4 суви пиперки



Подготовка:
Месото се сече на парчиња со големина по желба и се пропржува во тава на врел зејтин или маст. Откако убаво ќе зарумени се трга на страна и во истата мрснотија се пржи кромидот, печурките и сувите пиперки. Се зачинува по вкус, а зависи од тоа колку е солено чаденото месо. Се истура во земјена тава целата содржина и испрженото месо. Се налева вино и вода и се затвора со алуминиумска фолија или соодветен капак.
Тавата се пече во рерна на 180 или 200 степени подолго време, околу 3 часа.
Пред крај кога поголемиот дел од течноста е испарен и месото е меко се ренда кашкавалот и се става повторно во рерната да се запече додека не добие убава златно-жолта боја.