Организаторот на утрешниот протест со тужба за објавата дека има 30 години, обвини аматер за неговото лого на снимката со српската инструкторка

Организаторот на утрешниот протест за Кочани Бојан Ефтимов најави тужба за веста на Радио Лидер дека тој има има 30 години.



Обраќајќи му се на уредникот на радиото Љупчо Златев за врската меѓу него и студентските протести закажани за утре Ефтимов обвинува некој аматер кој логото од неговата организација го ставил на снимката со српската инструкторка во која се слуша планот како да се искористи болката на луѓето за протести.

,,Љупчо Златев ајде се е океј што си тераш пропаганда и шириш лажни вести, тоа ти е бизнис моделот нема проблем. АМА не е океј да пишеш дека имам скоро 30 години, вакви навреди не можам да претрпам и веројатно ќе одам со тужба за нарушување на угледот…

Секој што ќе го изгледа видеото може да утврди дека ,,Кој е следен?” нема никаква поврзаност со истото. Луѓето на видеото дискутираат за пленуми и студентски организации, а ,,Кој е следен?” е граѓанска иницијатива која се занимава со правда, одговорност и безбедност во заедницата. Единствената конекција на ,,Кој е следен?” со видеото, е тоа што некој аматер го монтира логото во долниот лев агол. Бркајте работа! Нема со полициски, параполициски и пропагандни методи да го задушите автентичниот револт.

Се гледаме на протест, понеделник 24.03 во 19:00, Плоштад Македонија!
Марш за одговорност и безбедност!”, пишува Ефтимов откако Радио Лидер објави кој е организатор на протестот закажан за утре вечер во Скопје.

Што му одговори Златев

Која дава пари за демонстрации додека Македонија е во солзи

Од каде ви се парите за кревање тензии со злоупотреба на македонската несреќа? – Организаторот на протестите за Кочани доби одговор