Организаторот на протестите за Кочани користел апликација какви што користат нарко дилери, тврди Златев

Организаторот на протестите за Кочани користел телефонска апликација какви што користат нарко дилери, тврди уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев.



,,Штотуку разговарав со човек од опкружувањето на Борјан Ефтимов, скоро 30 годишниот претседател на студентите од времето на СДСМ – кој сега организира некакви протести иако не е студент.
Велат дека во последните неколку часа е депримиран затоа што сите му откажувале партнерство во протестите. Разобличени се целосно.

Ми кажаа дека подолго време е параноичен и постојано разговара преку различни апликации. Од завчера се префрлил на Zello токи-воки, па протестите ги координира преку неа.

Видовме инструктори од странство, видовме многу скандалозни работи за тоа како сакаат да ја злоупотребат трагедијата во Кочани.

Се прашувам ако се толку чесни, зошто разговараат преку вакви апликации, преку какви што разговараат нарко дилери?

Ако е искрен во целите и барањата не му се потикнати од лукративни причини, зошто се крие преку вакви апликации со претплата?

Какви уфилмани дечишта! Глумат Џејмс Бонд… ама тоа е.. криво е образованието!”, објави Златев.

Доколку Ефтимов не користи ваква апликација лесно ќе може да го докаже тоа на суд затоа што користењето на апликацијата на телефонот не може да биде избришано.

Предходно Ефтимов му се закани на Златев со тужба а новинарот го праша од каде му се парите за протести

Кој дава пари за демонстрации додека Македонија е во солзи

Од каде ви се парите за кревање тензии со злоупотреба на македонската несреќа? – Организаторот на протестите за Кочани доби одговор