Организаторите на протестите против името Македонија како дел од решението на спорот со Грција го обвинуваат министерот за јавен ред и мир Никос Тоскас дека излажал за бројот на демонстрантите во Атина.
Организаторите тврдат дека во Атина се собрале меѓу 1 и 1,5 милиони луѓе а Тоскас вели дека проценката на грчката полиција (Елас) од 140 илјади е точна и дека таа не се базира на политичко влијание.
За да ги потврди своите проценки Елас објавува видео од протестот а Тоскас вели дека ако имало еден милион луѓе тие ќе биле лоцирани до делот од градот кој се нарекува Амбелокипи а кој е далеку од плоштадот Синтагма.





