Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, ќе престојува во Македонија на 26 и 27 септември, соопшти Владата..



За време на посетата на унгарската владина делегација, предвидена е заедничка средба на двете влади, а ќе има и тет-а-тет средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот унгарски колега.

За време на престојот во Македонија, Орбан ќе го посети и Охрид.