Денеска започнува официјалната посета на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан,напиша премиерот Мицкоски објавувајќи фотографии од официјалниот пречек на охридскиот аеродром.
“Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи” напиша Мицкоски.








