Европа се соочува со голем пад во продажбата на автомобили. За месец август се продадени 644.000 нови автомобили или за 18,3% помалку од истиот период лани. Намалена продажба е забележана на четирите најголеми европски пазари – Германија, Италија, Франција и Шпанија.
Но, во истиот период во Македонија, и покрај тоа што е многу мал пазар во споредба со Европа, забележан е пораст на продажбата на автомобили за околу 50 отсто во однос на 2023 година. Во јули продадени се 750 возила – 640 патнички возила и над 100 превозни.

Во зголемувањето на продажбата на пазарот во Македонија најголемо влијание имаше Geely, новата кинеска марка на еколошки возила. За само 6 месеци, Geely продаде над 100 возила.
Додека европскиот пазар продолжува да се бори со падот, македонскиот пазар покажува потенцијал за раст. Зголемувањето на продажбата на автомобили во Македонија е позитивен сигнал, но останува да се види дали овој тренд ќе продолжи на подолг рок, особено со оглед на глобалните економски предизвици и промените во автоиндустријата.





