Американскиот министер за финансии Скот Бесент предвидува дека САД би можеле да соберат од 300 до 600 милијарди долари годишно од царините.
„Првично, ќе имаме значителен приход од тарифите. Потоа приходите од фабриките, од данокот на доход од сите нови работни места ќе се зголемат. Така, ние ќе го заработиме тоа на домашно ниво како што ќе се намалат тарифите“, рече Бесент за Такер Карлсон.
„Начинот на кој се пресметуваат тарифите не покажува дали трговските односи се фер“, вели Томас Сампсон, професор по меѓународна трговија на Лондонската школа за економија.
„Во основа, билатералните трговски дефицити не ни кажуваат ништо за тоа дали една земја ја експлоатира другата или какви бариери наметнува на увозот од таа земја. Тие ни кажуваат само за тоа која земја произведува работи што другите земји сакаат да ги купат“, рече тој.






