Трката на 100 метри со пречки во женска конкуренција на митингот од Дијамантската лига во Лондон донесе феноменален фото финиш во кој Кендра Харисон беше побрза од Сали Пирсон. Но извонредната трка потоа беше во сенка на падот на Џасмин Стоуерс која беше трета кога загуби рамнотежа и на сета брзина падна на нос.