Од Скопје до Охрид за 90 минути, проект што ќе ја смени македонската економија

Од Скопје до Охрид наместо како сега за 3 до 4 часа до крајот на 2026 година треба да се стигнува за 90 минути или час и половина.



Иако работите на патот се забрзаат со примена на власта денеска беше најавено дека сега ќе се работи на најтешкиот дел од автопатот кој ќе води од Скопје преку Гостивар, Букојчани и Кичево до Охрид.

По цели 50 години, Македонија добива историски проект. Коридорот 8 се реализира, а започнува да се работи на автопатска делница од Гостивар до Букојчани, објави денеска владата чии највиски функционери беа во мониторинг на проектот.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска соопшти дека од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина. Преку Гостивар, Букојчани и Кичево ќе се стигнува до туристичкиот бисер, Охрид.

,,Првпат по 50 години почнуваат реални работи за изградба на автопатот којшто ќе значи дека меѓу Скопје и Охрид и Струга ќе се патува за некаде час и 20, час и половина. Целосно ќе го промени ова функционирањето на економијата, но исто така ќе го промени и туризмот, а ќе се забрза и економскиот раст. Ова ќе значи голема поврзаност за сите”, изјави министерот Александар Николоски.

Веќе 10 години автопатот Кичево – Охрид се гради, а на многу места работата е и целосно закочена. Домашните, но и странски туристи постојано се жалат за моменталниот пат којшто е стар и едвај функционален. Рокот веќе неколку пати е пробиен, се одложува, но со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ конечно има простор за оптимизам.

Автопатот Кичево – Охрид ќе е готов до крајот на 2026-та: Николоски со план за одблокирање на инфраструктурните проекти

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски ја откочи на работата на автопатот Кичево – Охрид. Тој вели дека ќе биде целосно функционален до крајот на 2026 година и најавува целосно откочување на работата.

Според министерот Николоски, договорот со Бехтел и Енка не би требало да е државна тајна, но сите нерегуларности ќе ги истражуваат институциите. А, она што преостанува е да се добијат што повеќе километри за да не пропаднат во вода 240 милини евра.