Летното сметање на времето во Македонија, како и во сите европски земји започнува викендов.
Во недела, 30 март, по полноќ стрелките на часовниците ќе се поместат еден час нанапред.
Преминот од зимско во летно време се спроведува секоја година, а со тоа денот ќе биде подолг, а ноќта пократка.
Европската унија во 2016 година покрена иницијатива за укинување на летното сметање на времето, но засега – неуспешно.
Летното сметање на времето ќе продолжи најмалку до 2026 година, кога може да се очекуваат нови дискусии на оваа тема.





