Холандската полиција побарала од интернет-компаниите да проверат колку холандски корисници во даден период биле поврзани со веб-страници на албански јазик за да се открие бројот на Албанците во Холандија.
Според податоците, до кои дојде порталот Exit.al, корисниците кои посетиле повеќе од една веб-страница на албански јазик биле околу 30.000, додека бројот на постојани жители во Холандија е нешто над 1.000 луѓе.
Можеби овие 30.000 луѓе го изучуваат албанскиот јазик, или овие страници се интересни за холандските граѓани пишува Exit.al. Исто така, има многу Албанци кои стекнале холандско државјанство во текот на годините, но не се евидентирани.
Без оглед на причината, овој голем број укажува на абнормално присуство на албански државјани во Холандија.
Холандските медиуми неодамна известуваа за порастот на криминална активност на Албанците со што го вклучија алармот на холандската влада.
И покрај постојаното негирање од страна на амбасадата на Албанија во Холандија, проблемот за Хаг е вистински и постојат разумни мотиви поради кои група холандски пратеници побараа враќање на визниот режим за граѓаните од Албанија и исклучување од слободно движење во шенген зоната.