Од експлозија се урна станбена зграда во Хаг

 

Трикатна станбена блока во Хаг делумно се урна во саботата по пожар и експлозија, соопштија пожарникарите, а првите екипи трагаа по луѓе под урнатините, пренесе АФП.



Четири лица веќе се извлечени од урнатините и пренесени во болница, додека елитните тимови со кучиња трагачи се распоредени за да ги спасат другите заробени од катастрофата.

Не се знае колку луѓе се уште се водат како исчезнати, ниту што ја предизвикало експлозијата во станбениот блок недалеку од центарот на градот.