Априлската минимална кошница ја пречекори границата од 60 илјади денари. Синдикалците пресметале дека
За да преживее, на едно четиричлено семејство кое има свој дом, му се потребни 60.212 денари, покажува последната пресметка од Сојузот на синдикатита на Македонија.
За оние кои живеат под кирија, во стан од 60 квадрати, математиката покажала – 75.587 денари.
Споредено со декември кога беа потребни 56.222 денари за семејство со стан, и 71.972 денари бза оние без, последнава априлска статистика, кошницата натежнала за 3.990, односно за 3.615 денари, објави порталот „Пари“.
Само за еден месец, од март до април животот поскапе за 1.214 денари.
За април, пресметките на ССМ велат дека само храната и за пијалоци се потребни 22.200 денари или 36,9 отсто, што е за малку под минималната плата, која по зголемувањето во март изнесува 22.567 денари.
За облека и обувки се потребни 4.866 денари или 8,1 отсто.
За режиските трошоци – за станарина, вода, електрична енергија и греење – 6.014 денари, односно 10 проценти.
Личната хигиена и одржувањето на хигиената во домот чинат 1.827 денари (3 %),
за здравје се двојат 1.059 денари (1,8 %), а
за транспорт – 5.068 денари (8,4 %).







