Одмазднички план на Брисел кон Вашингтон, во игра ембарго за увоз на американска храна во ЕУ

Европската Унија планира ограничувања на увозот на храна во стилот на Трам, се вели во извештај на Фајненшл Тајмс кој се повикува на високи европски функционери во Брисел.



Европската унија планира да го блокира увозот на одредени прехранбени производи направени по различни стандарди од тие што важат во ЕУ во обид да ги заштити своите земјоделци.

Со чекорот ЕУ воведува одмазднички мерки односно одговара на реципрочната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави во неделата Фајненшл тајмс.

Европската комисија следната недела ќе донесе заедничка одлука да ги истражи можните построги ограничувања на увозот од САД, пишува весникот, цитирајќи тројца функционери кои не ги именува.

Првичните цели на забраната за увоз на храна од САД би можеле да ги вклучат американските култури како што е сојата одгледувана со пестициди кои земјоделците од ЕУ не смеат да ги користат, се вели во извештајот.