„Епископите на соседната православна земја, Бугарија, се наоѓаат меѓу‘Сцила и Харибда“, размислува во интервјуто за „Вечерњи новости“ српскиот епискот Иринеј кој укажува на црковно-правните пропусти во процедурата откако МПЦ-ОА побара БПЦ да ѝ станела „Црква Мајка“.
„Сцила“ е притисокот од политичките власти и од јавното мислење на кои, и тоа како, им одговарала ирационалната иницијатива од Скопје со која имплицитно се прифаѓа бугарското државно-црквено гледишете според кое Македонците се органски дел од бугарската нација“.
„Тоа е наша нација“,вели бугарскиот патријарх Неофит.
Другата пречка со тежина на античката „Харибда“,според Иринеј е ризикот на БПЦ да „флертува“ со расколничка организација, а тоа бугарската црква неодамна го имаше „во сопствениот двор“ и знае колку се грозни последиците од тоа.
Иринеј смета дека „Синодот на Бугарската православна црква даде прилично претпазлива изјава, опставајки времете до го реши тоа.
Српскиот епископ со надлежност над верниците во Бачка, Нови Сад, Сомбор и Сегедин смета дека главниот проблем е во тоа што духовното мајчинство не може да се прогласува според наоѓањата на некои…
„Може ли некој од нас како физичко лице да ја избере и да ја одреди својата мајка или – сакал не сакал – мора да признае дека имал мајка од раѓање“.
Иринеј во интервјуто уште додаде дека СПЦ има подршка од Руската православна црква и од тамошниот патријарх Кирил во врска со новите односи меѓу БПЦ и МПЦ-ОА.
Инаку, СПЦ ја смета за расколничка Македонската правосклавна црква и официјално ја признава ПОА на Јован Вранишковски.






