Со 5 гласа за и еден против, уставните судии денеска одлучија дека прво треба да се одржи подготвителна седница а потоа да се одлучува за Законот за употреба на јазиците .
Тие ќе повикаат странски експерти за да ги слушнат нивните мислења, а потоа да одржат седница и да одлучуваат.
„Дали за еден, два, три месеци плус или минус, овој суд ќе донесе одлука“, рече претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски околу тоа кога Уставниот суд ќе одлучува за ова.
Денешната седница започна без да присуствуваат судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.
Судијата Фатмир Скендер, од турската етничка заедница, побара предметот да се одложи додека не се обезбеди присуството на двајцата отсутни колеги за да судот „одлучува како едно семесјство“. Но, тој негов предмет не беше прифатен од страна на останатите судии.
„Тогаш јас нема да учествувам во одлучувањето по предметот за Законот за јазиците, но ќе учсетвувам по останати точки од дневниот ред, рече Скендер кој потоа ја напушти седницата.
Останатите шест судии со гласање 5 : 1 одлучуја да се оддржи подготвителна седница, дознава Вечер.
Уставниот суд треба да одлучува за уставнота на Законот за употреба на јазиците, по иницијативите во однос на Указот за негово прогласување, на Законот во целина, како и одделно сите 25 членови на законот.
Откако во 2019, кога стапи на сила, законот беше оспорен со 12 иницијативи пред Уставниот суд.РСЕ






