Македонските одбојкари по седум победи во неделата во Данска доживеаја пораз дури во финалето на Европската лига и по трет пат се сребрени. За малер, малку од револт можеби, а за предизвик за сите што ги следеа, тие ноќеска по пристигањето во Скопје, минаа под Триумфалната порта и нормално запеаја. И песните што ги одбрале, сами по себе говорат за тоа какви момци, што луѓе и карактер се нашите одбојкари.






