На итно свикана синоќа, Судскиот совет одлучи да му го одземе имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев осомничен за примање поткуп од 10.000 евра.
Воедно, одобри мерката притвор што претходно беше побарана од Јавното обвинителство.
Уапсен врховниот судија Наќе Георгиев – фатен е со 10.000 евра мито
„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија синоќа од Судскиот совет.
Судијата Георгиев вчера попладне е приведен на распит во полициска станица поради сомнеж дека тргувал со влијание и дека примил мито во износ од 10.000 евра, јави МКД.
Тој се сомничи дека за 10.000 илјади награда му ја олеснил постапката на поранешниот градоначалник на Ново Село, Борче Стојчев, кој е обвинет за шверц со марихуана, а претходно тој имаше и дело за шверц со цигари од грчки фри-шоп.
Неофицијално, по фатените 10.000 обележани евра кои се самите по себе доказ, истрагата се проширува и на други кривични дела. Се зборува дека се пребарувало и во неговиот дом во Струмица и секаде каде што имал недвижен имот, дознав СДК.
Сопругата на Георгиев е обвинителка во ОЈО Струмица.
Според Законот за Судски совет, расправата е од доверлив карактер и се водеше без присуство на јавноста.





