Најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација ја победи и Албанија со 3-2 и со 6 победи и со само еден загубен бод оди во полуфиналето од Европската лига. Истото е закажано за сабота во данското гратче Гентофле, а ние за ново, трето по ред финале ќе се сретнеме со домаќинот Данска. Во второто полуфинале ќе играат Украина и Шведска.



“Црвено-жолтите” доживеаја неколку промени во тимот, но тоа на ги спречи да го повторат резултатот од лани, со тоа што овој пат загубивме само 3 сета, па логиката вели дека со голема самодоверба ќе патуваме на завршницата од Европската лига.

Нашиот западен сосед денеска во Тирана ни пружи најголем отпор на двата турнира, па Македонија славеше по тај-брејк. Првиот сет ни припадна со 25-21, но потоа домаќинот возврати во вториот и го доби со 25-17. Третиот сет Македонија го реши во своја корист со идентични 25-21, но Албанија одново се врати во четвртиот, и со пресверт го доби со 25-23. Петтиот решавачки сет им припадна на „Црвено-жолтите“ со 15-10, па Македонија ќе биде единствена со максимален ефект на Ф-4 турнирот.